Баерн пукна „петарда“ во мрежата на Фрајбург

Баерн Минхен се искачи на второто место на бундеслигашката табела по вечерашниот триумф над Фрајбург, изразен со убедливи 5-0. Баварците настапија без Нојер, Мусиала, Милер… но и со ослабен состав му одржаа лекција на составот на Фрајбург, за кого ова беше прв пораз на гостински терен сезонава.

Гнабри беше фудбалерот што го отвори резултатот на „Алијанц Арена“, откако натрча на една одбиена топка и со прецизен удар со глава од петнаесетина метри го матираше гостинскиот голман. На 2-0 зголеми Чупо Мотинг, кој на стартот од вториот дел асистираше до Лирој Сане при постигнувањето на третиот гол за Баерн. Садио Мане стрелаше прецизно за водство од 4-0, а во финишот конечнитее 5-0 ги постави Сабицер, кој влезе во игра во второто полувреме.

Баерн со оваа победа го прескокна Фрајбург и со 19 бода е на второто место на табелата, на која баварскиот гигант се уште заостанува четири бода зад лидерот Унион Берлин.

Се вчитува...