Баерн сака да го задржи Кејн, но Барса следи што се случува

Хари Кејн и Баерн Минхен наскоро ќе седнат на преговарачка маса. Капитенот на англиската репрезентација потврди дека разговорите за нов договор треба да започнат во следните две недели, а германскиот шампион сака што поскоро да ја реши иднината на својот најдобар стрелец.

Кејн влезе во последната година од договорот со Баварците, поради што претстојниот период ќе биде многу важен за двете страни. Доколку не се постигне договор до јануари, англискиот напаѓач ќе може слободно да преговара со клубови надвор од Германија, шест месеци пред истекот на соработката.

„Разговорите ќе започнат во следните две недели. Важно е да почнеме сега, бидејќи сум во последната година од договорот. Двете страни се опуштени“, изјави Кејн.

Баерн сакаше порано да го реши прашањето за нов договор, но се согласи да ги одложи преговорите до крајот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Сега нема причина за чекање, особено поради интересот на други европски гиганти. Барселона е меѓу клубовите што ја следат ситуацијата. Каталонскиот гигант е заинтересиран за Кејн и би можел да реагира доколку преговорите со Баерн не завршат успешно.

Се вчитува...