Баерн се подготвува да му „нанесе удар“ на Ливерпул – „Краде“ негов голем бисер!

Баерн веќе размислува за следното лето, а една од неговите желби за трансфер води кон Енфилд. Баварците следат млад фудбалер кого Ливерпул го гледа како важен дел од својата иднина.

Потрагата по дополнителни решенија на левата страна од нападот продолжи и во текот на претходниот преоден рок. Во Минхен разгледаа неколку можности, а за една од нив беа подготвени да потрошат многу пари.

Неизвесноста околу тоа дали Ливерпул воопшто ќе отвори врата за преговори го прави трансферот значително покомплициран од другите опции.

Во меѓувреме, младиот напаѓач продолжи да добива можности во англискиот клуб. Оваа сезона тој веќе има 13 настапи во сите натпреварувања. Станува збор за 18-годишниот Рио Нгумоха, за кого Баерн, според информациите на Кристијан Фалк, беше подготвен да плати дури 70 милиони евра минатото лето. Неговото име остана на листата на желби, а Баерн подготвув нов обид во текот на летото 2027 година.

Фалк наведува дека контактите со претставниците на играчот не се прекинати. Братот на Нгумоха исто така учествуваше во претходните разговори, но од нив не произлезе договор за преселба во Германија.

На крајот, Баерн се сврте кон Исмаел Саибари, чие доаѓање беше оценето како поедноставна работа за спроведување. Сепак, тој потег не значеше откажување од талентот на Ливерпул, туку избор на подостапно решение во тој момент.

Нгумоха привлече внимание поради неговата брзина, директна игра и способност да ги напаѓа противниците еден на еден. Иако Ливерпул моментално го развива како една од своите најголеми надежи, важно е да се запомни дека тој пристигна на Енфилд од младинскиот систем на Челси во септември 2024 година.

Посебно место во неговиот досегашен подем има голот против Њукасл во 100-тата минута, со кој му донесе на Ливерпул победа од 3-2 на своето деби во Премиерлигата. Потоа стана најмладиот стрелец во историјата на клубот, а во септември 2025 година го потпиша својот прв професионален договор.

Ливерпул, според извештаите од Англија, нема намера да го продаде Нгумоха и работи на неговиот долгорочен престој. Затоа Баерн во моментов само одржува контакти и ја следи ситуацијата: износот од 70 милиони евра ја покажува сериозноста на претходниот интерес, но веројатно е и најава за сериозноста на идниот…

Се вчитува...