Баерн се предомисли, конечно ќе му биде исполнета желбата на Левандовски!?

Баерн одлучи да му ја исполни желбата на Роберт Левандовски да го напушти тимот од Минхен. По неколкумесечни неуспешни преговори, „баварците“ се состанија за донесување на конечна одлука.

Како што пренесува „Мундо Депортиво“, Пини Захави, агентот на полскиот напаѓач, за Барселона изјавил дека Германците се предомислиле и се подготвени да се откажат од услугите на играчот за 40 милиони евра.

Најпрво челниците на Барселона испратија понуда од 30 милиони евра на Алијанц Арена, која Баерн категорично ја одби. Да потсетиме, претседателот на Блауграна, Жоан Лапорта, пред неколку дена зборуваше за можноста тој да се пресели во Барселона.

„Сите знаат дека Роберт Левандовски е одличен играч, но тој е играч на Баерн и затоа претпочитам да молчам на оваа тема. Знаеме дека тој даде јавна изјава дека сака да дојде во Барселона и ние сме многу благодарни на него за тоа“, изјави Лапорта.

Се вчитува...