Баерн стравува: Ал-Хилал подготвува богата понуда за Луис Дијаз

Саудискиот гигант Ал-Хилал подготвува нов трансфер-бомба и ќе се обиде да го ангажира крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Луис Дијаз, објавува францускиот весник „Л’Екип“.

По неодамнешниот ангажман на холандскиот офанзивец Кресенсио Сомервил за сума поголема од 60 милиони евра, Ал-Хилал сака да донесе уште една голема ѕвезда во своите редови. Приоритет на клубот е засилување во нападот, а изборот паднал токму на колумбискиот репрезентативец.

Според информациите, Дијаз во моментов е на заслужен одмор по настапот на Светското првенство, а наводно позитивно гледа на можноста да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Ал-Хилал подготвува почетна понуда од најмалку 70 милиони евра, но германскиот шампион нема намера лесно да се откаже од еден од своите најважни фудбалери.

Баерн смета дека Дијаз е клучен дел од проектот за следните сезони, а неговиот договор со клубот е со важност до 2029 година, што дополнително ја зацврстува нивната преговарачка позиција.

Колумбиецот имаше одлична сезона во Бундеслигата, каде на 32 натпревари постигна 15 голови и запиша 14 асистенции, потврдувајќи дека е еден од највлијателните офанзивци во германскиот шампионат.

Претходно се појави информација дека клубот ќе тргне по услугите на Усман Дембеле, но Французинот е блиску до потпишување на нов договор со ПСЖ.

Се вчитува...