Баерн Минхен со 4:1 како гостин славеше во дуелот со Оснабрик во рамки на Германскиот куп, во меч кој ќе се памети по голот на домашниот тим.
Баварците кои ја оправдаа фаворитската улога, беа шокирани на стартот од мечот со фантистичен гол на Меиснер. Имено, во петтата минута, Меиснер со шут од 30-тина метри постигна голчиште кое ги фрли во транс домашните навивачи.
🚨🇩🇪 | GOAL: WHAT AN INSANE GOLAZO BY ROBIN MEISSNER! WHAT A ROCKET! UNBELIEVABLE!
WHAT A SURPRISE IN THE DFB POKAL! WOW!
Osnabruck 1-0 Bayern Munich. pic.twitter.com/bdOsLCXqBw
— TheGoalsZone (@TheGoalsZone) September 2, 2026
Но, баварците брзо се созедоа од шокот и до крајот на полувреме со головите на Кејн во 18-тата и на Бишоф во 24-тата минута направија пресврт. Во вториот дел, со уште два гола, на Олисе и на Кејн ја заверија победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
