Баерн во клинч со Французите: Хернандез е повреден, зошто го малтретираат?!

Баерн Минхен загуби од Хофенхајм (1-2) на „Алијанц арена“, а клубот незадоволството го насочи кон Фудбалската федерација на Франција по повикот на повредениот Лукас Хернандез за квалификациските мечеви против Исланд и против Турција. Првиот човек на баварскиот клуб Карл – Хајц Румениге вели дека Французите не се коректни затоа што дефанзивецот не ги одиграл последните два меча за Баерн Минхен поради повреда.

„Не правиме ние никаков проблем за тројца француски фудбалери Корентин Толисо, Кингсли Коман и Бењамин Павар, но Лукас Хернандез е повреден и воопшто не требаше да добие повик. Нивниот однос е некоректен“, изјави Карл – Хајнц Румениге.

Докторот Ханс – Вилхелм Милер – Волфарт вели дека е одговорен за здравјето на фудбалерот и не дозволува да замине во Париз. Но, сепак, ќе мора принудно да го пушти на прегледи и кај докторите на француската репрезентација.

„Јас сум одговорен за здравјето на Лукас Хернандез и тврдам дека тој не е способен да ги игра претстојните два квалификациски натпревари за Франција. Токму затоа и повикот во националниот тим воопшто нема покритие“, изјави докторот на Баерн Минхен.

Се вчитува...