Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“, гостин легендата на Вардар и македонскиот фудбал, членот на шампионската вардарова генерација од 2002 година, а во моментов еден од најпознатите македонски фудбалски агенти – Александар Бајевски.
Поранешниот македонски репрезентативец, меѓу другото се потсети и на периодот кога се врати во својот клуб како спортски директор во најтешките денови на неговото постоење, второлигашкото битисување со финансиско снаоѓање и враќањето во Првата лига.
Бајевски беше во клубот во време на најголемата финансиска криза кога играчите и спортскиот дел беа оставени речиси сами на себе на патот на враќањето во елитата. Па, сега максимално емотивно со солзи на очите се потсетува на тој период во најновата епизода на „ПРЕСИНГ“…
„Многу тешко време…. Сега ако се вратиме назад, тоа беше времето кога Вардар испадна, се смени спонзор. Мене ме повикаа во септември откако почна сезоната, три-четири пати ми се јави Слободан Крстевски. Веќе беше направена селекцијата првата година. За жал, не намистија многу добро, не наместија некои клубови и не влеговме во Прва лига“ – вели популарниот Бајо и продолжува:
„Втората година направивме екипа со Грне, направивме една феноменална екипа, навистина респектабилна.Дури со таа екипа можевме да играме комотно Прва лига, да се бориме,мислам да бидеме на средина од табела. Тргнавме добро, бевме есенски шампиони и одеднаш повторно колапс. Пак нема ништо, нема пари, нема плата, нема ништо. Не знаевме дали ќе ги почнеме зимските подготовки. Се собраа некои донации од навивачите.Почнавме, беше премногу тешко. Немавме како да функционираме. Плаќавме сами терени, плаќавме сами ручеци. Премногу тешко, морам да кажам, и на тие играчи треба навистина да им се даде орден за заслуги. Јас како прв човек во тоа време на Вардар и Грне како тренер секојдневно дававме се, тоа беше хаос. Не знаевме дали ќе имаме тренинг, не знаевме дали ќе имаме опрема, не знаевме дали ќе дојде автобус за патување. Едноставно дојдовме до некое ниво кај што гледаш декаклубот пропаѓа. Немаш како. Стиснавме заби, рековме ќе одиме до крај. Се случи тој бараж за Прва лига, беше во Кавадарци. Вечерта пред баражот разговаравме, и јас му кажав на Грне, викам ова е мојот последен натпревар. Вардар се врати во Прва лига, а јас завршив“.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА ПОТСЕТУВАЊЕТО НА БАЈЕВСКИ ЗА НАЈТЕШКИТЕ ДЕНОВИ НА ВАРДАР
ЦЕЛАТА ЕПИЗОДА НА СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ ГЛЕДАЈТЕ ЈА ТУКА…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
