Бајрами го надмудри Костов, „лавовите“ се пробиваат кон врвот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија ЃП запиша повеќе од важна победа на отворањето на вториот дел од шампионатот, славејќи тешко но заслужено против Тиквеш со 1-0 во Ѓорче Петров.

Муарем Бајрами, на крај, успеа да го надмудри Влатко Костов извлекувајќи три бода за својот тим.

Со оваа победа „лавовите“ се пробиваат кон врвот од првенстваната табела, сега со 30 бода издвојувајќи се на четвртата позиција со само пет бода заостанување зад третопласираната Академија Пандев и местото кое носи во Европа.

 

Се вчитува...