Бајрами отсега ќе биде само тренер на Шкупи

Муарем Бајрами од новата сезона целосно ќе се посвети на функцијата шеф на стручниот штаб на Шкупи, откако реши да ја заврши играчката кариера и целосно да се посвети на тренерскиот ангажман во прволигашот од Чаир.

Бајрами пред крајот на минатата сезона беше именуван за тренер-играч на Шкупи, а по последните разговори со управата на клубот донесе одлука да ја заврши играчката кариера и да биде предводник од клупата на овој клуб, потпишувајќи двогодишен договор како тренер на Шкупи.

„За мене е голема чест да водам тим како Шкупи, но истовремено чувствувам и огромна одговорност поради овој предизвик. Сакам да им се заблагодарам на челниците на клубот за довербата што ми е укажана, имаме добар тим на располагање. Со неколку засилувања и со максимална поддршка од навивачката група Шверцери, верувам дека ќе ги оствариме зацртаните цели“, изјави Бајрами, кој како играч има над 250 настапи за Шкупи.

Се вчитува...