Бајрами: Во Струга загубивме поради наши грешки, ќе мора сето тоа да се поправи

Шкупи доживеа пораз од 2-0 на гостувањето против Струга ТЛ во 7. коло од Првата македонска фудбалска лига. Според шефот на стручниот штаб на чаирчани, Муарем Бајрами поразот е во голема мера и поради сопствените грешки на кои ќе мора да се поработи во неделата која следи.

„Сакам да им честитам на стружани за победата, фер и добрата игра. Ние одигравме добри 45 минути во кои требаше да постигнеме погодок. Не го направивме тоа, а домаќините од наша грешка погодија и поведоа. На стартот од второто полувреме имавме прилика и повторно не реализиравме. На спротивната страна следеше казна и втор гол во нашата мрежа. Неделава која следува ќе работиме на грешките и со главите горе ќе се подготвуваме за дуелот со Борец на домашен терен“ – ни изјави Бајрами по крајот на вчерашниот натпревар во Струга.

Се вчитува...