Карлос Бака на лето го напушта „Сан Сиро“

Колумбискиот интернационалец Карлос Бака ќе го напушти тимот на Милан во летниот преоден рок, пренесуваат медиумите во Италија. Тој не е во најдобар однос со тренерот на „росонерите“, Винченцо Монтела, а оваа сезона и не го даде својот максимум во тимот од „Сан Сиро“. Токму затоа се претпоставува дека Милан ќе го стави на трансфер – листа, и ќе сака да доведе нов напаѓач во своите редови.

Како најдобра опција се споменува Александре Лаказет, напаѓачот на францускиот клуб Лион, кој сепак има и неколку други понуди од клубови од Премиер – лигата. Во опција се и Алваро Мората, како и Серхио Агуеро, но се чини дека многу работи ќе зависат и од конечната продажба на клубот на потенцијалните кинески инвеститори. Веќе подолг период Силвио Берлускони води преговори за да го продаде Милан, но засега трансакцијата никако да се реализира.

Се вчитува...