Баскет Кам се засили со репрезентативка на Босна и Херцеговина

Актуелниот шампион на женската сениорска кошаркарска лига, Баскет Кам со цел исполнување на амбицијата за одбрана на трофејот стигна до големо засилување откако ја ангажираше репрезентативката на Босна и Херцеговина, Драгана Зубац.

Дваесетидвегодишната Зубац ги покрива бековските и крилната позиција и со себе во македонскиот шампионат носи и интеренационално искуство по настапите во Романија, Унгарија, Турција, Португалија и Црна Гора покрај во татковината.

Изминатата сезона ја започна во Бенфика со која настапуваше и во Еврокупот бележејќи 10.5 поени на две одиграни средби, а ја заврши во Црна Гора во редовите на Херцег Нови каде просекот на постигнати поени и изенасуваше 21.1 поен на девет одиграни средби.

Се вчитува...