Балак за првпат се огласи за неговиот починат син

Легендарниот германски фудбалер Михаел Балак доживеа трагедија минатиот месец откако почина неговиот син Емилио. Тој беше на одмор во Португалија, а почина по страотна сообраќајна несреќа, откако неговиот четирицикл се кренал на две тркала и директно паднал врз него.

Синот на Миахел починал на лице место, иако брзата помош пристигнала брзо, но за жал тие можеле само да ја констатираат смртта на овој 18-годишник. Смртта на најстариот син го потресе семејството на Балак, а Мајкл и неговата сопруга не сакаа да излегуваат во јавноста, па нивните претставници од медиумите побараа само приватност во овие тешки денови.

Сепак, Балак се појави на социјалните мрежи за првпат повеќе од еден месец по смртта на неговиот син. Причина за тоа беше роденденот на Емили, кој вчера требаше да го прослави неговиот 19-ти роденден. Балак објави фотографија од него на Инстаграм со многу емотивна порака.

„Роден си пред точно 19 години во 17:36 часот. Твоето отсуство само ме тера да те сакам уште повеќе“, напиша Балак.

Германската фудбалска легенда доби голема поддршка во коментарите, а меѓу другите, дел од поддржувачите беа и неговите поранешни соиграчи Лампард, Тери, Деко, Фабрегас, Белети, Кол, Калу и многу други.

 

 

 

Се вчитува...