Балардини не го дава Пандев во Интер, ќе има нова улога за него во Џенова!

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев изминативе денови е потенциран од италијанските медиуми како една од опциите за враќање во Интер и засилување на офанзивните редови на „нероаѕурите“.

Пандев, и покрај најавите, се уште нема официјално потпишан договор за продолжување на соработката со Џенова, што ги подгрева шпекулациите за можно враќање во Милано. Но, од таборот на Џенова категорично нагласуваат дека немаат намера така лесно да се откажат од услугите на „Гранде Пандев“.

„Газета дело спорт“ го пренесува ставот на шефот на стручниот штаб на Џенова, Давиде Балардини кој потенцира дека никако не сака Пандев да замине од клубот и ќе направи се што е во негова моќ да го задржи во својот тим.

„Балардини подготвува и нова улога за Пандев во тимот за следната сезона. 34-годишниот Пандев сега, место досегашната улога на втор напаѓач, треба да биде вратен нешто поназад како главен организатор на играта. Од Џенова силно се убедени дека Пандев ќе го продолжи договорот и ќе го имаат и за следната сезона“ – пишува „Газета дело спорт“.

Се вчитува...