„Балистите“ на тренингот на Шкендија: Поддршка за успех во дербито со Вардар (ВИДЕО)

Шкендија доаѓа на мегдан со Вардар во Скопје со намера да победи, а навивачката група „Балисти“ го проследи денешниот последен тренинг на вицепрвакот на Градскиот стадион во Тетово, давајќи им поддршка на фудбалерите во пресрет на утрешниот мегадуел. Фановите на Шкендија со песна и пиротехника ја запалија атмосферата во Тетово, но поради одлуката на ФФМ за забрана на гостински навивачи на ваквите мечеви од „висок ризик“, тие нема да бидат присутни утре на трибините на „Телеком Арена“.

Избраниците на Томас Брдариќ во оптимистичка атмосфера го очекуваат дуелот со Вардар и веруваат дека можат да стигнат до позитивен резултат.

Се вчитува...