Балкан: Тренер во Босна и Херцеговина тепал судија

Крајот на натпреварот помеѓу Рудар и Томислав во седмото коло од првата фудбалска лига во Босна и Херцеговина донесе немили сцени на теренот каде во преден план беше тренерот на домашниот тим Бечир Механовиќ.

Според официјалниот извештај од натпреварот, Механовиќ не успеал да ги смири старстите па на центарот на теренот му пришол на судијата и почнал да го мава со тупаници во пределот на стомакот. Судијата Суад Нуркиќ се обидел да избегне физичка пресметка во бегство во тунелот, но немилата сцена продолжила и таму и во службените простории.

Лудувале и навивачите на Рудар кои по натпреварот ги пречекале официјалните лица надвор од стадионот и ги испратиле дома со камења и флаши.

Се вчитува...