Балотели: Уживам во Турција, но Италија си е Италија

Марио Балотели оваа сезона стави потпис со Адена Демирспор и го забележа својот прв настап во турското пренство. Таму ја продолжи голгетерската форма па на 27 одиграни натпревари во сите натпреварувања постигна 12 гола, а забележа и шест асистенции.

Говорејќи за италијанските медиуми „Супер Марио“ изјави дека ужива во Турција и атмосферата која ја приредуваат турските навивачи, но доколку италијански клуб се заинтересира за неговите услуги лесно може да ја промени средината.

„Прифатив многу предизвици во мојата криерата, но во последниот, настапот во Турција навистина уживам. Навивачите тука се многу жестоки, се грижат за играчите и фантастично е како ги поддржуваат своите миленици. Мило ми е и што го имам Виченцо Монтела за тренер, како дете го гледав на телевизија, а сега ми дава совети“, изјави Балотели кој на прашање дали би се вратил во Серија А кратко одговори

„Насмевката на моето лице се говори“.

Балотели богатата кариера ја започна во Лумецан, а настапуваше и за Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша и Монца. За италијанската репрезентација настапи на повеќе од 35 натпревари, а и по квалификациите за СП во Катар и елиминацијата од Македонија останува последниот кој постигнал гол за „аѕурите“ на Мундијалот.

Се вчитува...