Бањаја без конкуренција во Австрија

Актуелниот светски првак во Мото ГП шампионатот, Франческо Бањаја, уште еднаш покажа дека сезонава е апсолутно недостижен за ривалите откако без многу проблеми стигна до победа на трката за ГН на Австрија.

Бањаја водеше од почеток до крај на патката во Шпилберг, не дозволувајќи противниците во ниту еден момент да помислат дека би можеле да го изненадат. Светскиот шампион тргна од пол-позицијата и се задржа на чело на колоната од самиот почеток до крајот на трката, а единствениот што го следеше беше Бред Биндер, кој на крајот заслужено го освои второто место.

Борбата за третата позиција беше најинтересниот дел од оваа трка, на крајот до неа стигна Марко Бецеки, кој успеа да заврши пред Марини и Маркес.

Бањаја по петтата овосезонска победа сега има 276 бода во генералниот пласман, со удобно водство во однос на второпласираниот Хорхе Мартин со 189 бодови.

Се вчитува...