Бањаја извозе шампионски на „Каталуња“

Франческо Бањаја стигна до нова победа во Мото ГП шампионатот откако италијанскиот мотоциклист извозе перфектна трка на патеката „Каталуња“, оставајќи ги зад себе ривалите.

Откако несреќно го загуби водството на вчерашната спринт-трка на истата патека, Бањаја не дозволи такво нешто да му се повтори на денешната главна трка, светскиот првак доминираше на патеката и стигна до победата. Тој ја искористо грешката на Педро Акоста, по што успеа да го изненади големиот ривал Хорхе Мартин, да излезе на чело на колоната и да не го испушти водството до самиот крај.

Третиот кандидат за титулата, Марк Маркез, долго водеше битка со Еспаргаро и со Раул Фернандез, на крајот успеа да ги мине, но ривалите веќе беа далеку пред него, па повеќекратниот светски првак на крајот мораше да се задоволи само со третото место.

Хорхе Мартин останува на чело во генералниот пласман со вкупно 155 бода, пред Бањаја со 116 и Марк Маркез со 114 освоени бода во досегашниот дел од сезоната.

Се вчитува...