Бањаја ја доби битката со Квартараро во Сан Марино

Франческо Бањаја ја забележа и втората победа во низа во Мото ГП шампионатот откако италијанскиот мотициклист триумфираше на денешната трка што се возеше во Сан Марино.

Италијанецот до неодамна немаше ниту еден триумф во Мото ГШ шампионатот, но со денешното извонредно издание успеа да врзе две победи, потврдувајќи ја одличната форма во која се наоѓа. Тој денеска водеше неизвесна битка до самиот крај со лидерот во генералниот пласман, Фабио Квартараро на Јамаха. Квартараро притискаше буквално до самиот финиш на трката, но Бањаја одолеа на неогвите налети и заслужено се искачи на највисоко место на пиедесталот.

Вистинско изненадување приреди младиот Италијанец Бастијанини, кој стина до третото место пред Марк Маркез, Жоан Мир и Џек Милер.

Се вчитува...