Бањаја најдобар на трката во Сан Марино

Италијанецот Франческо Бањаја на Дукати стигна до победата на трката за големата награда на Сан Марино, која се возеше на патеката „Марко Симончели“.

Бастијанини до победата стигна на убедлив начин откако водеше уште од самиот старт на трката. Подиумот го надополнија, Енеа Бастианини исто така на Дукати и Маверик Вињалес на Априлија. Лидерот во генералниот пласман Фабио Квартараро на Јамаха заврши на 5. место.

Во генералниот пласман Фабио Квартараро останува прв пред Франческо Бањаја на Дукати и Алеиш Еспаргаро на Априлија. Следната трка е закажана за две недели, а ќе се вози за големата награда на Арагон.

Се вчитува...