Бањаја победник на спринт трката во Австрија

Актуелниот шампион Франческо Бањаја продолжува со доминацијата сезонава во Мото ГП шампионатот. Неверојатниот Италијанец на моторот на Дукати стигна до победа на спринт трката на Спилберг, како дел од трката за големата награда на Австрија.

Бањаја на спринт трката заврши пред второпласираниот Јужноафриканец Бред Биндер на Ред Бул, додека подиумот го надополни Хорхе Мартин на Прамак. Марк Маркез трката ја заврши на 10. позиција.

Главната трка за големата награда на Австрија е закажана за утре со почеток во 14 часот.

Се вчитува...