Бањаја победник во Италија

Франечско Бањаја ја освои ГН на Италија во Мугело. Италијанецот триумфираше на „свој терен“, откако доминатно триумфираше на трката, која ја почна од петтото место. Потоа падна на деветата позиција, но успеа да се искачи на врвот.

На 18 круга до крај Бањаја го претрка Маринијо и Квардараро. Три круга подоцна возачот на Дукати го надмина и Бецеки кој водеше од почетокот на трката. Бецеки подоцна беше претрка и од Квартараро кој заврши на второто место.

Енеа Басријанини имаше пад на десет круга до крајот и тоа делуваше дека ќе се вмеша во трката за подиум. До крајот Еспаргаро се проби до третото место.

Во генералниот пласман води Квартараро со 127 бодови, додека Еспаргаро е втор со 118.

Се вчитува...