Бањаја: Се мачев за првата победа, а сега имам две!

Франческо Бањаја најави одлична кариера во Мото ГП класата со втората последователна победа, а овојпат тој успеа да слави во Сан Марино.

Младиот италијански возач триумфираше пред Марко Маркез на претходната трка по епскиот финиш, а сега ги издржа нападите на Квартара и го забележа својот втор триумф во кариерата.

„Се обидов да започнам како шести во првите две или три кола со цел да создадам предност, и кога го видов Квартараро како се враќа во финишот, беше тешко, но заглавив, ритамот беше смртоносен. Бевме неверојатни, тимот заврши перфектна работа, две последователни победи, тоа е неверојатен резултат за мене. Се обидов да стигнам до првата победа, а сега имам две“, изјави пресреќниот Бањаја.

 

 

Се вчитува...