Кошаркарите на Панатинаикос вечерва на домашен терен ќе го пречекаат Анадолу Ефес во „мајсторката“ во четвртфиналето во Евролигата.
Менталниот аспект е клучен пред петтиот натпревар со Панатинаикос, смета тренерот на Анадолу Ефес Лука Банки.
Тренерот на Анадолу Ефес знае дека неговиот тим ќе има тешка задача во ОАКА арената…
„Дојдовме до крајот на една неверојатна плејоф серија против бранителот на титулата. Секој натпревар беше тесен, многу интензивен и возбудлив. Затоа мораме да се подготвиме на најдобар можен начин, тактички и психички, за да дадеме се од себе за успех”, изјави Банки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА