Денеска се одлучуваат последните три места за второлигашката конкуренција во следната 2025/26 сезона.
Трите денешни баражи кои се играат од 17 часот ќе ги одлучат последните тимови кои следната сезона ќе бидат во Втората лига.
Најинтересна е пресметката во Кавадарци, каде ќе се соочат Осогово и Шкендија Арачиново. Осогово заврши на 14. место во ВМФЛ, додека Шкендија е шампион од Третата лига – Север.
Во Скопје, пак, ќе се играат дуелите меѓу Преспа од Ресен и Слога Виница на теренот на ФФМ, а поранешниот прволигаш Тетекс во Ѓорче Петров ќе го брка билетот за враќање во Втората лига против Големо Коњари.
БАРАЖ НАТПРЕВАРИ ЗА ВТОРА ЛИГА (денеска, 17 ч.)
Кавадарци: ОСОГОВО – ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО
Скопје (ФФМ): ПРЕСПА – СЛОГА ВИНИЦА
Скопје (Ѓорче Петров): ТЕТЕКС – ГОЛЕМО КОЊАРИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА