Познати се три од последните четири патници кои следната сезона ќе бидат дел од Втората фудбалска лига на Македонија. Кожуф Гевгелија стигна до најсигурна победа денеска откако беше убедлив со 4-0 против велешки Борец.
До рутинска победа изненадувачки стигна и Камјани кој славеше против Победа Валандово со 0-2. Најинтересно беше на мечот меѓу Каменица Саса и Eуромилк Горно Лисиче, во кое тимот од скопската населба славеше со 1-2.
Утре ќе се комплетираат екипите кои ќе бидат дел од ВМФЛ следната сезона откако во последниот бараж меч ќе се сретнат Тетекс и Влазними.
БАРАЖ 2МФЛ РЕЗУЛТАТИ:
ДЕНЕСКА (16.30):
КАМЕНИЦА САСА – ЕУРОМИЛК ГОРНО ЛИСИЧЕ 1-2
КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА – БОРЕЦ 4-0
ПОБЕДА ВАЛАНДОВО – КАМЈАНИ 0-2
УТРЕ (16.30):
ТЕТЕКС – ВЛАЗНИМИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
