Баражи: Тетекс, Слога Виница и Шкендија Арачиново со билети за Втората лига

Екипите на Тетекс, Слога Виница и на Шкендија Арачиново се учесници во Втората лига од следната натперварувачка сезона откако овие тимови излегоа како победници од денешните бараж-дуели.

Шкендија по голема борба славеше над Осогово со 2-1, меч што беше одигран во Кавадарци, на кој тимот од Арачиново триумфираше благодарение на погодокот што со удар од далечина го постигна Иљази во 58. минута.

Тетекс во крајно израмнет натпревар ремизираше 2-2 против Горно Коњаре, меч на кој тетовци имаа 2-0, но падот на концентрацијата придонесе да примат два гола во самиот финиш и овој бараж да биде решен со пенал-рулет. Во него сепак поумешни беа фудбалерите на Тетекс, триумфирајќи со 4-3 за камбек во второлигашката конкуренција.

Најлесно до билет за втората лига стигна Слога Виница, славејќи со 3-0 над тимот на Преспа со головите шти ги постигнаа Стојанов, Петковски и Христовски.

Се вчитува...