Баражот – „невозможна мисија“: Мора шест бода на последните два меча, но и кикс на Романија!

Македонија загуби убедливо против Германија со 0-4 во 8. коло од групата Ј  во квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.

Во прилог не ни одеше ниту победата на Романија од 1-0 над Ерменија. Доколку сакаме да играме бараж, покрај тоа што мора да ги добиеме последните два натпревари против Ерменија на гости и Исланд дома, ќе мораме да навиваме и против Романија.

По осум одиграни меча Романија има бод повеќе од нашата репрезентација, а до крајот ја очекуваат релативно лесни натпревари. Прво во 9. коло игра против Исланд на домашен терен, а потоа во последното 10. му гостуваат на аутсајдерот Лихтенштајн.

Од друга страна најтешка задача до крајот ќе има Ерменија која има исто бодови како и ние, но прво го игра токму против нас мечот во Ереван, а потоа во последната рунда ќе и гостува на Германија. Германците иако со денешниот триумф се првата репрезентација која обезбеди пласман на Светското првенство, по домашниот пораз од Македонија не би требало да си играат со своето реноме на тој меч.

Се вчитува...