ЕКИПА во Сараево
Горан Бошев
Селекторот на БиХ, Сергеј Барбарез по мечот со Македонија рече дека овој натпревар бил добар тест за неговата селекција пред Мундијалот.
Барбарез кажа дека во ниту еден момент не ја потценил Македонија, ниту било која селекција.
„Не смеете никого да потцените, ниту ние не може да сметаме дека некого може така лесно да победиме со 5-0. Македонија е искусна репрезентција, не е тоа само „дување“ на топката, туку се гледа дека сака да игра. Нов селектор и нови играчи, не е тоа едноставно. Но, и посакувам на Македонија среќа понатаму“, изјави Барбарез и додаде:
„Ова беше добар тест да видиме до каде сме. Доста многу млади играчи за да видиме што можеме. Што се однесува до Един Џеко, свесно го сочувавме, и очекувам веќе утре да се врати на тренинзите и да биде веќе целосно подготвен за настап на Мундијалот. Имаше многу работи кои беа добри, и некои кои не беа. Сигурно со тројка нема да форсираме многу, затоа што нашите играчи во своите клубови играат главно со четворка.“, изјави Барбарез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
