Селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, на денешната прес-конференција го најави претстојниот пријателски натпревар против Македонија.
Натпреварот со Македонија ќе послужи како главна проверка за босанскиот тим за уигрување на тактичките замисли и тестирање на новите фудбалски имиња во ротацијата.
„Мора да сте сериозни во пристапот. Не треба да се бавите со ранкинг било чив. Не сакам никого да омаловажам затоа што тоа не сакам ниту нам некој да ни го прави. Македонија е сериозен противник, кој што има нов селектор, и за кој што ова е важен меч. Македонија ќе сака да го добие овој дуел исто како и ние“, рече Барбарез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
