Барди асистираше, Леванте спаси бод во Ла Коруња

Леванте со два погодоци во последните десетина минути избегна пораз во гостувањето во Ла Коруња против екипата на Дерпотиво (2-2). Погодоците на Иви во 80. и 84. минута обезбедија многу значаен бод за тимот од Валенсија, а нашиот репрезентативец Енис Барди беше креатор на кам-бекот на неговата екипа.

Домаќините стигнаа до убедливо водство во првото полувреме со головите на Адријан (19. минута) и Андоне (45. минута), и беа на прагот до голема победа. Сепак, по влегувањето на Барди во 51. минута Леванте се разигра и во завршницата успеаја да се спасат од пропаст. Прво нашиот офанзивен играч за врска асистираше до Иви за намалување на водството од 2-1, а потоа напаѓачот на Леванте стигна и до својот втор погодок на средбата за конечни 2-2.

Се вчитува...