Барди и Леванте „демолирани“ од Атлетико Мадрид… (видео)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди и неговиот Леванте доживеаја убедлив пораз од 0-5 во 13. коло од Примера.

На дуелот кој се играше во Валенсија, гостите до предност од 0-2 дојдоа уште во првото полувреме искористувајќи ги грешките во одбраната на Леванте. Па, Атлетико Мадрид поведе со автоголот на Робер уште во 5. минута, а на 0-2 зголеми Гамеиро во 29. минута.

Во второто полувреме во листата на стрелците се запишаа повторно Гамеиро во 59. минута, за да потоа во 65. и во 68. минута два гола постигне Гризман за конечни 0-5.

Енис Барди имаше неколку обиди со шутеви од далечина да го загрози гостинскиот гол, но неуспешно. Во последната минута од првото полувреме имаше и обид од слободен удар од околу 25 метри, но неговиот шут заврши над гредата.

Овие три бода го израмнија Атлетико Мадрид на делба на третата позиција заедно со Реал Мадрид. Леванте остана на 13. место на табелата со 15 бода.

Се вчитува...