Барди и Леванте го добија дербито на Валенсија (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди и Леванте го добија дербито на Валенсија триумфирајќи во 27. коло од Ла Лига минимално со 1-0, но сосема доволно за три бода.

Стрелец на победничкиот гол за Леванте против Валенсија беше Роџер Марти уште во 18. минута од средбата.

 

Барди го одигра целиот натпревар во дресот на Леванте, кој со 35 бода се проби на осмата позиција.

Се вчитува...