Барди и Леванте го решија „фенерџијата“

Леванте прокнижи нови бодови на табелата во шпанскиот шампионат триумфирајќи на гостувањето против Еибар со 0-1. Тимот на нашиот Енис Барди одигра дисциплинирано во одбраната, па еден гол му беше доволен за да стигне до цел плен против „фенерџијата“ на табелата во Ла Лига.

Клучен момент се покажа 46. минута од првото полувреме, кога Де Фрутос шутираше силно по додавањето на Клерк, оставајќи го голманот Дмитровиќ без шанси за реакција.

Енис Барди ги одигра сите 90 минути на овој натпревар, по кој Леванте се искачи на осмото место на табелата со освоени 38 бода.

Се вчитува...