Барди и Леванте несреќно останаа без финале во Копа дел реј (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди и неговиот Леванте останаа несреќно без можност за пласман во финале во Копа дел реј, по примен гол во 112. минута за пораз од Атлетик Билбао од 1-2 на реванш-дуелот од полуфиналето.

Полуфиналниот реванш во регуларниот дел заврши со идентични 1-1 како и првиот натпревар во Билбао. Па во продолженијата, во 112. минута Леванте прими несреќен гол по шутот на Беренгер од 18 метри за конечна победа на Атлетик Билбао и пласман во финалето.

 

Барди, се врати по паузата од повредата, во игра влезе на почетокот од второто полувреме а во последната минута од првото продолжение, во 105. минута имаше одличен обид директно од слободен удар но за малку не успеа да постигне прекрасен погодок.

Атлетик Билбао во своето 38. финале на шпанскиот куп ќе игра со Барселона.

Се вчитува...