Барди и Леванте поразени од Леганес

Леванте загуби на гостувањето кај Леганес со 1-0. Составот на Енис Барди по поразот на домашен терен од Реал Мадрид (1-2), не успеа да се опорави и на следниот натпревар во Ла Лига.

Победничкиот гол за Леганес беше дело на Оскар во 13.минута од натпреварот. Барди го одигра целиот меч за Леванте, беше еден од подобрите во гостинскиот тим, но тој и соиграчите не успеаја да го избегнат поразот.

Се вчитува...