Барди и Леванте со позитивно-реми од гостувањето на „Сан Мамеш“ во полуфиналето на Копа дел реј

Македонскиот репрезентативец Енис Барди и Леванте извлекоа позитивно-реми од 1-1 на гостувањето против Атлетик Билбао во првиот полуфинален натпревар од Копа дел реј.

Леванте брзо дојде до предност со голот на Мелеро во 26. минута, а Мартинез во 58. минута успеа да донесе само израмнување за домашните.

 

Со предност гол на гости Леванте сега ќе го очекува реваншот на 4. март во обидот за обезбедување прво финалето во шпанскиот куп во историјата на клубот.

Барди одигра 80 минути на денешниот меч, кога поради мала повреда мораше да биде заменет.

Се вчитува...