Барди и Трабзон добиваат засилување од англиската Премиерлига

Трабзонспор го прави тимот за следната сезона, во која после една сезона пауза треба да го врати шампионскиот пехар во своите редови. Токму од тука екипата за која настапува Енис Барди, ќе го носи членот на Саутемптон, Мислав Оршиќ.

Хрватот кој не се наигра во тимот на Саутемптон, патем и испадна од Премиерлигата, сега е на пат да замине кај Ненад Бјелица, тренерот кој му беше предводник во Динамо Загреб, и добро ги знае неговите квалитети.

Оршиќ дојде во Саутемптон од Динамо за 5,75 милиони евра. Меѓутоа имаше неуспешна епизода во Англија, а во меѓувреме го загуби и местото во репрезентацијата на Хрватска, што јасно му става до знаење дека мора да најде клуб каде што ќе игра стандарно.

Се шпекулира дека Енис Барди би можел да замине од Трабзонспор, доколку добие некоја добра понуда.

Се вчитува...