Барди и Трабзонспор му пресудија на Андреа Пирло: Италијанецот доби отказ од Карагумрук

Италијанската легенда Андреа Пирло денеска и официјално се раздели со турскиот суперлигаш, Карагумрук, објавија медиумите од Турција.

На Пирло му пресуди натпреварот од 35. коло во Суперлигата во кој Карагумрук загуби убедливо со 4-1 од Трабзонспор на Енис Барди.

Тој пораз ја прели чашата кај раководството на клубот кои се одлучија да му врачат отказ, и покрај тоа што Пирло воопшто нема лоша сезона зад себе. Карагумрук е во златната средин на табелата со 44 бода, но од клубот претходно не ги криеаја амбициите за излез во Европа.

Се вчитува...