Барди и Трабзонспор со сомнителен гол во 98. минута победија против Газиантеп (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди и неговиот Трабзонспор со крајно сомнителен погодок во 98. минута од средбата дојдоа до победа од 3-2 против Газиантеп во 7. коло од шампионатот на Турција.

Во меч кој Барди го почна од клупата, а Газиантеп по само 9 минути игра дојде до предност од 0-2, домашните сепак успеаја да дојдат до сомнителна пресврт-победа.

Барди влезе во игра во 32. минута при резултат 1-2 за гостите, а со погодокот на Бакасетас од пенал во 42. минута Трабзонспор дојде до 2-2 пред полувремето.

Во вториот дел Барди ја размрда играта на домашните кои доминираа но не успеваа до погодок. Се до 98. минута кога по една мешаница пред голот на Газиантеп и очигледен прекршок врз гостинскиот фудбалер, Бартра погоди за 3-2.

Но, и наспроти жестоките протести на гостите главниот судија се одлучи да го признае погодокот за триумф на Трабзонспор.


Се вчитува...