Барди испиша историја на „Сан Мамеш“, најбрзи два гола од слободен удар

Предолго Енис Барди ја грееше клупата на Леванте, но тоа очигледно само го имаше мотивирано македонскиот ас да блесне во своето најсјајно издание кога ќе добие шанса. А тоа се случува вечерва во Билбао, каде Барди испиша историја на „Сан Мамеш“, постигнувајќи два гола од слободен удар во рок од три минути.

Тоа е најкраток рок меѓу постигнување на два погодоци од таква ситуација во фудбалска Шпанија. Последен пат еден фудбалер дал два гола од слободен удар во Примера во мај 2012 година, и тоа Бенат Ечеберија на дуелот со Севилја.

Оттогаш бројни ситуации имале Меси и Роналдо, не успеале…. но затоа денеска му успеа на Енис Барди, и тоа со два слободни удари откосо.

Се вчитува...