Барди ја „бомбардираше“ и Барселона – уште еден гол за паметење

Енис Барди имаше нов блесок на шпанската фудбалска сцена, постигнувајќи еврогол и на вечерашниот дуел против Барселона. Не од слободен удар како вообичаено, но македонскиот ас овојпат испрати проектил од игра, со удар од дваесет метри матирајќи го немоќниот Тер Штеген.

Се играше првата минута од второто полувреме, а Барса го имаше почетниот напад. Каталонците ја загубија топката на средината од теренот, тргна противнапад, топката стигна до Енис Барди, а тој… го направи она што најдобро го знае – ја смести во аголот од голот на каталонскиот игант, постигнувајќи го својот осми гол во Примера дивизион сезонава.

Се вчитува...