Барди ќе биде „фит“ за Македонија

Повредата на Енис Барди заработена на еден од последните тренинзи на Леванте не би требало да го загрози неговото учество на почетокот од квалификациите за СП 2022. Деталните лекарски прегледи врз македонскиот репрезентативец покажале проблем со мускулот на ногата, но повредата не е премногу сериозна.

Ова значи дека Барди нема да настапи на вечерашниот натпревар со Атлетик Билбао, но плејмејкерот би можел да се врати во тимот на Леванте за реваншот од полуфиналето во Копа дел реј, исто така против Атлетик Билбао.

Ова значи дека Енис Барди ќе биде подготвен за настап на почетокот од новиот квалификациски циклус, за СП 2022 во Катар. Македонија на крајот од месец март ќе одигра три натпревари, најпрвин ќе гостува во Романија, потоа во Скопје ќе го пречека Лихтенштајн, а за 31 март е закажано гостувањето против фаворитот Германија.

Се вчитува...