Барди ќе добие соиграч од 80 милиони евра!?

Трабзонспор, тим во кој игра Енис Барди ќе се обиде да го доведе во своите редови поранешниот играч на Арсенал, Николас Пепе. Пепе би потпишал едногодишен договор со тускиот тим, а некои извори тврдат дека тој е блиску до Бешикташ.

Преодниот рок во Турција трае до 15. септември, и Трабзон ќе се обиде да дојде до ова засилување, кое Арсенал го плати втроглави 80 милиони евра од Лил. Пепе сега има 28 години и помалку е заборавен. Не добива шанса во Арсенал, а беше и на позајмица во Ница.

Така може да се каже дека тој е едно од најголемите промашувања на „топчиите“, иако неговите бројки не се толку лоши. Во 112 натпревари постигна 27 гола и запиша 21 асистенција. Неговиот договор со Арсенал му е до 2024 година, а моментална вредност за пет пати помала од платената.

Се вчитува...