Барди не се враќа до крајот на 2020 година

Енис Барди го очекува подолга пауза од фудбалските терени, а во таборот на Леванте се загрижени дека македонскиот репрезентативец ќе паузира најмалку два месеци од натпреварите во Ла Лига. Одличниот плејмејкер се повреди на последниот тренинг на македонската репрезентација пред тргнувањето за Тбилиси, а проблемот со грбот е крајно комплексен.

Повредени биле два нерва во грбот, од кои едниот е поврзан и со стапалото, па Барди чувствувал и болка во ногата. Секое кашлање, па дури и седењето му создавале дополнителни проблеми, па токму поради тоа Барди останал неколку дена во Скопје наместо веднаш да летне назад за Валенсија.

Лекарскиот тим на Леванте го избрал начинот на лекување за Македонецот, а првичните информации се дека паузата ќе изнесува најмалку два месеци. За Барди оваа календарска година предвреме заврши, а останува да се види дали нашиот интернационалец ќе може да се врати на терените во текот на јануари 2021 година.

Се вчитува...