Барди: Нека има слободни удари… тогаш ќе има и голови!

Максимално позитивно расположен по одличните партии за својот тим на репрезентативниот собир за септемвриските квалификациски натпревари денеска се појави и фудбалерот на Леванте, Енис Барди.

Барди ја потенцира добрата форма на поголемиот дел од репрезентавците, нагласувајќи дека нема да има ништо против да има слободни удари во близина на казнениот простор на противникот…

„Ако има слободни удари тогаш ќе има и голови“ – низ смеа вели Барди, алудирајќи на фактот дека ова лето не знае да промаши од прекините во близина на противничкиот гол.

„Во секој случај добро е што навистина повеќе од нас играат во одлична форма. Верувам дека сето тоа сега ќе го преточиме и во репрезентацијата. Знаеме дека не чекаат два тешки противника, но имаме сили да се надигруваме со секого. Уште во Израел ќе се потрудиме да покажеме дека оваа фудбалска генерација има иднина“.

 

Се вчитува...