Барди неколку недели надвор од терените

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди ќе мора да биде неколку недели надвор од терените поради повредата на грбот која ја заработи пред бараж мечот за пласман на Европското првенство против Грузија.

Барди поради повредата го напушти кампот на репрезентацијата и се врати во својот клуб, каде беше подложен на дополнителни испитувања. Барди се уште ги чека дополнителните испитувања, но првичните предвидувања се дека тој ќе мора да биде неколку недели надвор од терените.

Барди и покрај тоа што не беше дел од тимот на историскиот меч против Грузија, сепак е еден од најзаслужните за одличниот напредок на македонскиот фудбал и пласман на Европското првенство.

Се вчитува...