Барди: Покажавме дека имаме квалитет… Пандев е најголемиот фудбалер во историјата на Македонија

Македонија со пораз од Холандија од 3-0 го заврши настапот на Европското првенство 2020. Енис Барди по мечот изјави дека Македонија покажа дека има квалитет.

„Цел живот ќе го паметиме овој настап на ЕВРО. Ќе ни биде една школа и искуство за да ни даде сила за следни предизвици и повторно да се квалификуваме на големо натпреварување за да можеме да докажем дека Македонија има квалитет. Многу емотивен меч за нас поради Горан бидејќи знаеме колку помага и дава за оваа репрезентација. Тој е најголем фудбалер во историја на Македонија. Тој треба да ни даде сила да продолжиме по неговиот пат. Пример за сите нас за да продолжиме по неговите чекори. Му посакувам многу среќа и здравје на него и неговата фамилија понтаму во животот“, изјави Барди. 

Тој вели дека тука не е крајот на оваа генерација и дека сакаат повторно да бидат дел од најдобрите репрезентации во светот.

„Оваа генерација успеа со У21 успеа и со А-тим. Имавме три-четири тешки недели. Треба да одмориме малку. Сакаме повторно да играме на големо натпреварување. Македонија менува менталитет. Сега сите не знаат и мораме да го повториме овој успех“, изјави Барди. 

Се вчитува...